На 23 март 1940 година во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер, еден од најталентираните во македонската актерска уметност. Шишков е роден во ситуирано трговско семејство.
Академија за театар завршил во Белград. Постојан член на Македонскиот народен театар станал од 1964 година.
Првите негови глумечки искуства ги започнал 1957 година, глумејќи во Народниот театар “Антон Панов” во Струмица. Во децениското живеење на оваа сцена остварил многу ликови како и бројни незаборавни ролји во македонски играни филмови „Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и други.
Бил проследуван од тајните служби на СФР Југославија и СР Македонија како македонски националист и бил осуден и затворен на 15 јануари 1980 година. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје, на 46 годишна возраст.