Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола.
-Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата, информираат од ЦУК.
Согласно информациите во ЦУК, екипа Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово е на терен и за да ја испита водата за пиење, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена.
Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.