Вести истата може непречено да се употребува

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје: Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“, велат од јавното претпријатие.

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје: Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската Општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува, соопшти „Водовод и канализација“ Скопје.

На 26 ноември околу 40 ученици од „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае се пожалија на стомачни болки. Меѓу нив е и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски.

„На ден 26.11.2025 година ‘Водовод и канализација’ изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ ‘Димо Хаџи Димов’, општина Карпош. Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.

 

Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“, велат од јавното претпријатие.

 

Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ ) вчера спроведуваа вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „ Димо Хаџи Димов“, се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.

Станува збор за операторот со храна „Ванила фуд“.

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) д-р Марија Андоновска вчера рече дека од пристигнатите пријави, не може точно да се утврди причинителот, но од друга страна земени се сите можни примероци и денеска дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода.

Најнови вести од Вести

To top