Вести

Јан Вертонген става крај на репрезентативната кариера

Јан Вертонген става крај на репрезентативната кариера

Репрезентативецот на Белгија Јан Вертонген (37) објави дека се повлекува од дресот на „црвените ѓаволи“.

Во својот последен настап за националниот тим, тој си постигна автогол и со тоа беше трагичар за својата репрезентација во натпреварот помеѓу Белгија и Франција. Белгија беше елиминирана токму само со тој негов автогол.

Вертонген го држи рекордот по бројот на настапи за белгиската репрезентација. Од своето деби за националниот тим во 2007 година, настапи на 157 натпревари и постигна 10 голови.

Првите белгиски играчи зад него по бројот на настапи се Аксел Витсел (132) и Тоби Алдервирелд (127).

To top