Вести

Историска победа на Ферстапен во Бразил, тргна од 17.место и дојде до триумф на „Интерлагос“

Историска победа на Ферстапен во Бразил, тргна од 17.место и дојде до триумф на „Интерлагос“

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен денеска трката во Бразил ја почна од 17-тото место, а на крајот триумфираше за да стави една рака на шампионската титула. Двоецот на Алпин направи сензација и се искачи на подиумот крај победникот.

Ферстапен славеше на хаотичната и дождлива трка на „Интерлагос“ исполнета со многу излетувања, две безбедносни возила, едно црвено знаме. Холанѓанецот ја оствари својата прва победа уште од јуни, кога беше најбрз на шпанското гран при.

Зад светскиот шампион финишираа двајцата возачи на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли. Џорџ Расел беше четврти, зад него заврши Шарл Леклер, а шести беше Ландо Норис, кој полега ја губи битката за титулата. Во поени влегоа и Јуки Цунода, Оскар Пиастри, Лијам Лосон и Луис Хамилтон.

Ферстапен на врвот во генералниот поредок сега има 393 бодови или 62 повеќе од Норис на втората позиција. Леклер е трет со 307 бодови. До крајот на сезоната има уште три трки, а следната е за Големата награда на Лас Вегас на 23 ноември.

To top