Инженерската институција на Македонија денеска одбележува 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженерите.
Според организаторите, на настанот ќе се обратат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, д-р Андреј Лепавцов, претседател на Инженерската институција на Македонија, како и Дирк Бочар, генерален секретар на Engineers Europе.
ИМИ ќе организира и панел дискусија „Паметна ренесанса“ – интегрирање на вештачката интелигенција во традиционалното инженерство v.s. иднината на инженерскиот талент на која ќе говорат министерот за здравство, Азир Алиу, потоа проф. д-р Дарко Наков, Генерален секретар на ИМИ, Марта Наумоска Грнарова, Виктор Мизо од компанијата Костал, Волфганг Мајер, Претседател на Управен одбор на ЕВН и д-р Катарина Тројачанец Динева, професор на ФИНКИ.
На одбележувањето ќе се промовира најактивната членка на Инженерската институција на Македонија за 2025 година и ќе се избере Млад инженер на годината.