Интер Мајами попладнево го потврди ангажманот на Луис Саурез, напаѓачот вели дека е среќен и возбуден што ќе почне нов предизвик и порача дека ќе помогне за остварување на сонот и освојување титули.
Долго време се најавуваше дека Луис Саурез ќе им се придружи на Лео Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами, и официјалната потврда конечно пристигна.
Клубот од МЛС, на уникатен начин соопшти дека Луис Саурез е новата 9-ка. На социјалните мрежи објави фотографија од четири дечиња во дресовите на Бускетс, Алба, Меси и Суарез и напиша, „Нема ништо поубаво од тоа да играш со другарите“.
Bienvenido Luis Suárez, al sueño de Miami 💫 pic.twitter.com/Vi3bJZ679f
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) December 22, 2023
За преселбата во САД, Луис Суарез рече: „Среќен сум и возбуден што започнувам нов предизвик со Интер Мајми. Едвај чекамм да почнам со работа и да помогнам за остварување на сонот на клубот и освојување титули“.
„Ќе дадам се од себе за да им донесам радост на навивачите“.
„Имам неколку добри пријатели во тимот, па мило ми е што повторно ќе можам да ги видам. Исто така со нетрпение чекам да ги запознаам новите соиграчи и тренерскиот персонал“.