Хроника

Жител на Пепелиште повикан во станица: Се сомничи дека усмртил жена со товарно возило и избегал

Жител на Пепелиште повикан во станица: Се сомничи дека усмртил жена со товарно возило и избегал

По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско.

-Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото, информира МВР.

Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино.

To top