Хроника

Жител на кичевско остана без автомобил: Полицијата го фати дека вози со две мерки за забрана

Жител на кичевско остана без автомобил: Полицијата го фати дека вози со две мерки за забрана

На 03.02.2026 во 11:30 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(42) од с.Лазоровци, кичевско.

-Притоа, било констатирано дека А.М. го управувал возилото иако имал изречено две мерки – забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител, одземени му се возилото и возачките документи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top