Хроника

Жител на Албанија со „Шкода“ удрил во велосипедист во Охрид – со тешки повреди итно бил пренесен во болница

Жител на Албанија со „Шкода“ удрил во велосипедист во Охрид – со тешки повреди  итно бил пренесен во болница

На 11.12.2023 во 15.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со албански национални ознаки, управувано од Д.Г.(45) од Република Албанија и велосипед управуван од Ц.К.(74) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

To top