На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.