Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“

Жена тешко повредена во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“

На 05.07.2025 година во 20,35 во СВР Скопје е прјавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(24) од Република Турција, со престој во Скопје, и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната Ј.П. од Скопје, информира МВР

Во несреќата Ј.П. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

To top