На магистралниот пат Охрид-Кичево вчера вечерта патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.