На 27.05.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, во близина на Сенечки ливади, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(76) од Гостивар, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.М.(49) од Гостивар, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.