На 27.02 2024 во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Пчиња“ во Прилеп, патничко возило „цитроен”, управувано од Б.П.(56) од Прилеп, удрил во пешакот С.К.(75) од Прилеп, информира МВР.
Во несреќата, С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.