На 27.03.2025 во 21 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци, патничко возило удрило во И.Ш.(51) од Кавадарци и оштетило патничко возило „ренџ ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(70) од Кавадарци, по што возилото го напуштило местото, информира МВР.
Притоа, со телесни повреди се здобила И.Ш., констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.