Хроника

Жена прегазена во Центар, возачот избегал

Жена прегазена во Центар, возачот избегал

На 08.11.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(57) од Скопје, удрило во Д.Д.(59) од Кавадарци, по што го напуштило местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top