Хроника

Загина млад жител на струмичко Иловица, излетал со мотор од пат

Загина млад жител на струмичко Иловица, излетал со мотор од пат

На 15.07.2025 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

-Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Најнови вести од Хроника

To top