Шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село вчера (8 февруари) во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со А.Н. од Скопје, кој му ветил дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа.
Според пријавата, тој за таа услуга однапред му платил 1800 евра.
А.Н. подоцна му обезбедил сертификат, но документот бил фалсификуван.
Се расчистува и документира случајот.