Хроника МВР

Вперил пиштол кон вработените во банка, па ја ограбил: Приведен разбојник во Скопје, одреден му е притвор 

Извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по  што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.

Вперил пиштол кон вработените во банка, па ја ограбил: Приведен разбојник во Скопје, одреден му е притвор 

Денеска (15.06.2024) во 13:45 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.К. (31) од Скопје.

Приведен е поради основано сомнение дека на 04.06.2024 во 11:50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.

Извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по  што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.

To top