Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Возач тешко повреден во сообраќајка во Тетово

На 21.10.2025 во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Најнови вести од Хроника

To top