На 21.11.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Разловечко Востание“ и ул. „Вич“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(52) од Скопје и патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Р.Ѓ.(38) од Република Србија, а со привремен престој во Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „хјундаи“, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.