Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во демирхисарско

Возач тешко повреден во сообраќајка во демирхисарско

На 10.04.2025 во 10.29 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на крстосница за с.Кутретино, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(58) од с.Мало Илино, демирхисарско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(57) од с.Сараќино, тетовско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.С., констатирани во здравствена установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

To top