Хроника

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Сарај

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Сарај

На 03.07.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1“ и ул.„3“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.А.(50) и мопед управуван од Е.Ј.(22), двајцата од с.Сарај, а двете возила со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top