На 14.08.2024 во 12.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Праведничка“ и ул.„Февруарски поход“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(38) и мопед управуван од З.Н.(56), двајцата од Кавадарци.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Кавадарци, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.