Хроника

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајна несреќа

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 25.02.2026 во 01:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во с.Турново, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од с.Бориево и товарно возило „ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Г.(64) од Струмица, кој не застанал на местото, но по преземени мерки бил сопрен од полициски службеник, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струмица.

To top