Хроника

Возач и сопатничка повредени откако со автомобил излетале од пат

Возач и сопатничка повредени откако со автомобил излетале од пат

На 02.07.2025 околу 00.20 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе- Овче Поле патничко возило „мерцедес“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(25) од Свети Николе, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Е.Е.(24), а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Најнови вести од Хроника

To top