Денеска (16.08.2024) во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од Кочани, удрило во бетонски ѕид.
-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.