Во СВР Тетово вчера во 13.10 часот било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на тетовското село Ѓермо, И.И.(38) од село Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја.
МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.