Хроника СВР Охрид

Во сообраќајка во Охрид се повредени четири лица

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Во сообраќајка во Охрид се повредени четири лица

На 01.08.2024 во 10:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од  возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

To top