Утрово во 06.33 часот на eдинствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.
Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице, информира МВР.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 ПП возила.