Хроника Среќен крај на потрагата

Во добра здравствена состојба: Пронајден е мажот кој беше пријавен за исчезнат

За него вчера во 20:00 часот неговата сопруга М.Д. пријави дека се оддалечил од домот, а дека станува збор за лице со здравствени проблеми.

Денеска (08.01.2024) во 16:30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово во селото Сув Орах, Општина Старо Нагоричане, во добра здравствена состојба го пронајдоа Ц.Д.(60) од Куманово.

To top