Во десет часот во Кривичниот суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И денеска ќе се испитуваат сведоци на Обвинителството.
На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче.
На началникот Калишиќќ цело време му било чудно однесувањето на таткото на Вања кој бил конфузен, додека мајката Зорица била смирена и прибрана.