На 17.02.2024 во 15:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Врапчиште, гостиварско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ф.Р.(63) од истото село.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.