Хроника

Велосипедистка тешко повредена откако ја удрил автомобил

Велосипедистка тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 16.10.2024 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц.(60), двајцата од Охрид, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

To top