На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.