Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 24.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Славка Динкова“ и ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(41), удрило во велосипед управуван од З.С.(61), двајцата од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top