Хроника

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

На 05.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, после крстосница со с.Копаница, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(59), удрило во велосипед управуван од А.П.(40), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top