Хроника СВР Велес

Велешанка седум месеци користела туѓа картичка, потрошила над 3.000 евра

Пријавената, во периодот од јануари 2024 до август 2024, повеќекратно ја искористила платежната картичка на друго лице, при што предизвикала материјална штета од 187.133 денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ј. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

To top