Хроника ОВР Неготино

Тројца тинејџери повредени, со „митсубиши“ излетале од коловоз

Во несреќата,  со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.

На 30.06.2025 во 22:50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.

Во несреќата,  со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

To top