Хроника

Тројца повредени во сообраќајка на патот Пехчево–Делчево

Тројца повредени во сообраќајка на патот Пехчево–Делчево

На 10.07.2025 во 15.10 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на регионалниот пат Пехчево–Делчево, на место викано „Негревска чекална“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.Ј.(53) од Македонска Каменица и патничко возило „форд“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(42) од с.Панчарево, пехчевско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд“ Н.Ф.(39) од Пехчево, а со телесни повреди се здобиле возачот В.П и уште еден негов сопатник В.П.(42) од с.Панчарево, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.

Извршен бил увид.

Најнови вести од Хроника

To top