Хроника

Тројца повредени во сообраќајка меѓу велосипед, автомобил и товарно возило

Тројца повредени во сообраќајка меѓу велосипед, автомобил и товарно возило

На 14.08.2024 околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Славка Динкова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(35) од Скопје, товарно возило „„ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од с.Цветово, скопско и велосипед управуван од М.С.(62) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека другите двајца возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top