Три лица од кои две потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 18.50 часот била пријавена дека се случила на мaгистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на с.Подвис.
Сообраќајката се случила помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ѓ.(21) од Кичево и автомобил „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управуван од Ч.К.(48) од Република Албанија.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, истакнуваат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.