Хроника

Три жени и малолетничка од Албанија повредени во сообраќајка, излетале од патот кон ГП „Меџитлија“

Три жени и малолетничка од Албанија повредени во сообраќајка, излетале од патот кон ГП „Меџитлија“

На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Најнови вести од Хроника

To top