Хроника „Менкова колиба“

Три лица се повредени во возило кое излета од патот

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Три лица се повредени во возило кое излета од патот

Денеска (22.08.2024) околу 03:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат кој води за с.Пчиња, во близина на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(21) од Куманово, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Л.С.(23), додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.Е.(20) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

To top