Хроника

Три лица повредени, излетале со автомобил во гевгелиско

Три лица повредени, излетале со автомобил во гевгелиско

На 18.11.2025 во 13:45 часот на регионален пат помеѓу селата Смоквица и Прдејци, гевгелиско, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(35) од село Добрејци, струмичко, изгубило контрола и излетало надвор од патот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и сопатникот Љ.А.(43) од Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.(48) од Струмица, констатирани во Здравствен дом Гевгелија, информира МВР.

Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.

Најнови вести од Хроника

To top