На 27.01.2024 во 20:50 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.М.(20) и М.Ј.(28) двајцата во Штип поради тоа што во паркирано патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.01.2024) во 00.40 часот во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ч.(21) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.