Хроника СВР Битола

Тинејџерка тешко повредена, со возило излетала од коловоз

Сопатникот А.Т.(23) од Демир Хисар се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Тинејџерка тешко повредена, со возило излетала од коловоз

На 24.01.2025 во 15:21 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Демир Хисар – Битола, кај с.Драгожани, патничко моторно возило „рено” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(18) од с.Суводол, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., а сопатникот А.Т.(23) од Демир Хисар се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

Најнови вести од Хроника

To top