На 16.07.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон ул.„50“ во с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“, управувано од А.Л.(56) и мопед „пијаџо“, управуван од М.Н.(18), двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.