Хроника

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка меѓу мотор и автомобил

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка меѓу мотор и автомобил

На 22.05.2025 околу 20.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

To top